(ВИДЕО) Малиот победник Џејмс, кој по 70 недели хемотерапии, заѕвони на ѕвончето од болницата дека е излекуван

Момче беше испратено со аплаузи и насмевки од болницата во која 70 недели примаше хемотерапии и се лекуваше.

Џејмс среќно заѕвони на ѕвончето кое го означи крајот на неговата макотрпна битка со туморот на ‘рбетниот мозок. Првата хемотерапија, тој ја прими во ноември 2021 година, а помина и низ две операции за отстранување на туморот.

 

„Звукот на ѕвончето дека НЕМА ПОВЕЌЕ ХЕМОТЕРАПИИ е најангелскиот звук“ – пишува на видеото.

@hoperisesnews The sound of that NO MORE CHEMO BELL is the most angelic sound! 💯🎗️ 🎥: @james_taylor_archy_ / Insta #pediatriccancer #childhoodcancerawareness #nomorechemo #chemotherapy ♬ The Mighty Rio Grande – Concept – This Will Destroy You

Татко му постојано ја документира неговата борба со опаката болест и споделува видеа и фотографии на Instagram.

Сега, по завршувањето на лекувањето, Џејмс е среќно момче кое не само што може самостојно да оди, туку и да трча.

 

femina.mk