(ВИДЕО) Внукот на Тито, Јошка Броз открива за што тагувал неговиот дедо на смрттна постела

Во поранешна Југославија, на денешен ден се прославувал голем празник – Денот на младоста – 25 Мај и роденденот на претседателот Јосип Броз Тито.

Денот на младоста бил национален празник со многу приредби и завршна церемонија на стадионот на ЈНА во Белград, каде на Тито му била врачувана познатата Штафета на младоста. Имено, штафетата претходно била пренесувана низ целата Југославија, а тоа траело со месеци. Последната церемонија, додека Тито бил жив, се одржала во 1979 година.

Иако 7 мај е официјалниот датум на раѓањето на Јосип Броз Тито, 25 мај бил одбележуван како негов роденден. Иако овој датум не се совпаѓа со неговиот официјален датум на раѓање, Тито го прифатил и го славел со својот народ.

Внукот на Тито, Јошка Броз минатата година конкретно на 9 јуни престојуваше во Охрид. Во интервју за NEWS1.mk откри повеќе интересни случки. Во продолжение ви го пренесуваме интервјуто во целост:

„Мислам дека Македонскиот народ треба да признае една работа, немаше да ја има Македонија, ако не беше Тито. Мора и да признаат дека убаво живеевме и ако сакаме повторно убаво да живееме мора да гласаме за левите сили“, вели внукот на доживотниот претседател на некогашна Југославија Јосип Броз Тито,, Јошка Броз.

Целата левица треба да се соедини, да можат да бидат еден глас повеќе и да го повратат тоа што некогаш било добро, а да го избегнеме она што било лошо.
Имавме се, бесплатно школство, здравство, најдобрата полиција, војската беше четврта војна сила, бесплатни одмори, бањи … имавме се што ни беше потребно. Сето ова го изгубивме, но изгледа дека народот ова го заборави, или се плаши од Власта, вели Јошка Броз.

Броз за ONE MEDIA открива што Тито му кажал на смрттна постела, за што жалел најмногу, но отворено зборува за правната битка која години ја води за подароците од неговиот дедо, кои едноставно „исчезнаа“ и покрај тоа што тие му припаѓаа на семејството, како и за најтешкиот период на семејството по смртта на Тито.

Внукот на Тито раскажува како ги воспитувал своите внуци, се присети на неколку анегдоти, но и кажа дека тие како внуци на претседателот на Југославија немале никави привилегии, а како потврда за ова кажа дека лично тој прва година во средно училиште ја повторувал два пати.

 

видео: NEWS1.mk