Утрово мирно е на северот на Косово и Метохија, по синоќешниот конфликт меѓу припадниците на КФОР и Србите во Звечан.
Во општините Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ во текот на ноќта немаше инциденти, а зголемен е бројот на припадници на КФОР.
Војници се околу тамошните општински згради каде што граѓаните протестираа вчера, но и околу општинската зграда во Северна Митровица. Присуството на членовите на КФОР е зголемено на пристапните патишта на сите четири места на општините со српско мнозинство на северот од покраината. Таканаречената косовска полиција и специјалните сили се уште се во зградите на тие четири општини.
Српските протести се презакажани за денеска во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.
Нивното барање е повлекување на специјалците од северот на Косово и Метохија, како и новоизбраните албански градоначалници да не доаѓаат на работа во српските општини на избори на кои Србите не учествувале.
nova.rs