Конечни резултати од парламентарните избори во Турција: Владејачката АК партија освои 268 пратенички места

Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер, изјави дека одлуката за конечните резултати од парламентарните избори за 28. собир на Големото национално собрание на Туркије, одржани на 14 мај, е испратена до Службениот весник за објавување, пренесува Анадолу.

Јенер за новинарите во седиштето на ЈСК изјави дека вонредниот процес на приговори поврзани со парламентарните избори е завршен во 17 часот на 28 мај, а Комитетот ги оценил и заклучил приговорите на вчерашната седница.

„Како резултат на состанокот што го одржавме денеска, конечните резултати од парламентарните избори беа испратени во Службен весник за објавување“, рече Јенер, додавајќи дека одѕивот на гласачите бил 88,92 отсто во Туркије и 53,80 отсто во странство, со вкупна излезност од 87,05 отсто.

Јенер соопшти дека според изборните резултати, Партијата за правда и развој (АК Парија) освоила 268 места во турскиот Парламент.

Тој понатаму рече дека Партијата за повторен просперитет освоила 5, Партијата за национално движење (МХП) 50, Партијата на зелените и левичарска иднина 61, Турската работничка партија 4, Републиканската народна партија (ЏХП) 169 и партијата ИЈИ 43 места во Парламентот.

„Сакаме резултатите да бидат од корист за нашите партии и турската демократија“, рече Јенер.

 

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.