СДСМ: Во кое својство и во чие име Мицкоски преговарал за набавка на автобуси за Град Скопје?

0
313

Христијан Мицкоски треба да одговори во кое својство и во чие име најавува дека преговарал за нови автобуси за Град Скопје?

Како преговарал Мицкоски за оваа набавка со пари на скопјани? Како Јанушев и Груевски за кинеските автобуси?

Или како Гордана Јанкуловски и Груевски за „она на М“?

За сите овие криминални и корупцуски набавки има предмети пред судовите, се вели во соопштението од СДСМ.

Во истото од партијата додаваат:

Мицкоски може 100 дена да прави скапи отчети, може да глуми заменик градоначалник, но факт е дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за граѓаните, за општините и не работат ништо.