83-годишниот холивудски актер Ал Пачино го очекува своето прво заедничко дете со својата 54 години помлада девојка, ТВ продуцентката Нур Алфала (29). Портпаролот на актерот ја потврди веста за TMZ.
Нор моментално е бремена во осмиот месец.
Двојката е во врска две години, а првпат заедно беа видени во април минатата година. Нејзината последна позната врска заврши во 2017 година, со Мик Џегер, а претходно беше поврзана со Клинт Иствуд.
View this post on Instagram
“Срцето не прашува за годините, срцето знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна”, изјави еднаш Нур во интервју за Hello за нејзината врска со фронтменот на Ролинг Стоунс.
Инаку, Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.
index.hr