Австралиец, кој крокодил го каснал за глава додека нуркал во морето во северен Квинсленд, успеал да го преживее нападот отворајќи ја устата на животното и извлекувајќи ја главата. Маркус Мекгован нуркал со сопругата и група пријатели во близина на оддалечен остров кога сфатил дека нешто „има вилици на главата“. Отпрвин мислел дека е ајкула, но кога ја допрел сфатил дека се работи за крокодил.
“Успеав да му ги отворам вилиците и да му ја извлечам главата. Крокодилот повторно се обиде да ме зграби, но јас го оттурнав”, изјавил вчера Мекгован, пренесува Си-Ен-Ен. Австралиецот бил пренесен со хеликоптер во болница со исеченици и каснувања по главата и рацете.
„Едноставно бев на погрешно место во погрешно време. Мило ми е што бев јас, а не едно од децата или дамата во групата“, рече тој, додавајќи дека му се чини дека се работи за млад крокодил. околу два стапки долга три метри. Крокодилите кои живеат во морето можат да пораснат и до шест метри и тежат до 1000 килограми. Во Австралија има околу 100.000 морски крокодили.
index.hr