69-годишен маж од Велика Британија 50 години возел без валидна возачка дозвола

0
134

Никогаш не полагал возачки испит, а сите овие години успешно ја мамел и осигурителната компанија дека има возачка дозвола.

Иако во подоцнежни години, овој неименуван возач не можел да одолее на нагонот да се пофали. Толку се фалел што полицијата тргнала да го бара и набрзо го фатила. Тој бил запрен од сообраќајната патрола во Дербишир и веднаш открил дека ја кажува вистината – повеќе од 50 години возел без дозвола и успешно ја измамил осигурителната компанија.

&

nbsp;

Возачот заработил прекршочна пријава, а автомобилот му е привремено задржан, пишува Јалопник.

Ова очигледно не е изолиран случај. Едно време во Бирмингем бил фатен возач кој 40 години возел без дозвола. Рекордер е, сепак, возачот на мини кој беше фатен минатата година, по 72 години возење без возачка дозвола.

 

 

vecer.com