Лекарската комора во знакот на органодарителството одбележа 31 постоење

0
294

Лекарската комора на Македонија  , во црквата Света Софија во Охрид со пригодна свеченост одбележа 31 година од основањето на оваа професионална асоцијација  во која се обединети повеќе околу 9.300 доктори од различни области и специјалности.

Лекарската комора како асоцијација на докторите во нашата земја, формирана е заради заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, за подобрување на статусот на докторите и на квалитетот на здравствената заштита.

Во изминативе години Лекарската комора на Македонија стана дел од системот, признат партнер и  релевантна асоцијација која е подготвена да продолжи кон натамошниот напредок во исполнувањето на нејзините обврски, цели и задачи.

Тоа, несомнено, е постојан предизвик, кој налага максимална одговoрност и бара посветеност во моделирањето на решенијата и креирањето на концепт на современ здравствен систем кој ќе биде подобар за сите, за давателите, но и за корисниците на услугите

Со свое обраќање присутните ги поздрави претседателката на Лекарската комора на Македонија, проф. д-р Калина Гривчева – Старделова

Лекарката комора е извор на важни иницијативи и предлози на решенија за унапредување на статусот на докторите, но и на здравствениот систем.

ДОДЕЛЕНИ БЕА ПРИЗНАНИЈА И БЛАГОДАРНИЦИ

Др. Жан Митрев беше поздравен со овации од присутните на настанот.

Комисијата за доделување на наградата „“Св. Наум Охридски” во состав д-р Маја Мојсова Мијоска, д-р Лулие Ибраими Јахја, д-р Нагип Руфати, д-р Македонска Глигорова, Камка Пакетџиева донесе  одлуката Плакетата за 2022 година да се додели на д-р Драган Милевски, доктор по општа медицина вработен во ПЗУ Центар за дијализа  Диамед –Делчево. Предлогот за доделување на Плакетата на д-р Милевски го даде Општинскиот одбор на ЛКРСМ – Делчево, а Комисијата за награди на Лекарската комора на Република Северна Македонија оцени дека д-р Милевски со својата работа, досегашните активности на професионален план, коректноста кон колегите, професионалниот однос и довербата што ја има кај пациентите, секогаш придржувајќи се на медицинската етика и на Кодексот на медицинска деонтологија, го заслужи највисокото признание.

Д-р Драган Милевски е роден 16.04.1961 година. По завршување на Медицинскиот факултет од 01. 01 1994 година започнува да работи во Здравен дом “Гоце Делчев” во Делчево како доктор по општа медицина во подрачна единица во Македонска Каменица. Покрај работата во ординација, редовно оди на терен по околните села и се грижи за здравјето на луѓето и во најдалечните селски населби. Исто така, бил задолжен како доктор на рударите што работеле во рудникот “Саса” и се грижи за нивното здравје. Во случај на несреќи во рудникот оди на лице место и по потреба влегува и во рударската јама. Во Македонска Каменица работи до  мај 1998 година кога е  преместен во Здравен дом “Гоце Делчев” во Делчево со работни задачи во ординација и работа на терен во пунктововите во селските населби во општина Делчево.  Од 2002 година работи во ординација во Здравен дом “Гоце Делчев” во Делчево во трисменско работење. Од 01. 01 2007 година со приватизацијата на примарното здравство работи како концесионер –  матичен лекар со седиште на ординацијата во зградата на Здравен дом. Гоце Делчев” во Делчево. Како матичен лекар со своите пациенти работи двосменски. Поради тоа што на почетокот  во Делчево нема служба за ИМП докторот истовремено работата ја продолжува со покривање на ноќни смени, работа по повик, домашни посети, чести патување како придружник на тешко болни пациенти до болничките установи и како мртвопроверител. Како матичен доктор работи се до 30.09 2015 година.

Од 01 10 2015 година продолжува со работа во ПЗУ Центарот за дијализа “Диамет” во Делчево. На оваа работа работи како главен доктор и се грижи за пациентите со бубрежни заболувања. Во неговите 29 години работно искуство се срекава со најразлични предизвици, со секакви дијагнози и секогаш се труди одговорно и непристрасно да ги решава сите предизвици согласно со неговата стручност.

Тргнувајќи од тоа дека младите се иднината и сакајќи да ги мотивираме и инспирираме пред неколку години беше воведена  Посебна награда за најдобрите студенти на медицинските факултети во земјава. Наградата го носи името на прим. д-р Димитар Ивановски, најдобриот студент од првата генерација на Медицинскиот факултет во Скопје, кој дипломирал 1953 година.

Деа доделени и награди  кои во исто време е и вредносен ваучер со кој се покриваат трошоците за полагање на стручниот испит. Добитници на наградата се:

  • Леонид Рене Томас Караџинов – Медицински факултет Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје
  • Кристијан Живков  – Факултет за медицински науки Универзитет Гоце Делчев Штип
  • Блинера Баланца – Факултет за медицински науки, Државен универзитет Тетово

Во третман и лекување на многу заболувања научно-истражувачка дејност е примарна за да може да постигнеме резултати. Со цел одбележување и истакнување на нејзиното значење и уникатниот придонес беа доделени плакети за надјобар стручен труд и тоа :

„ Down синдром – рефрактивен развој ”

На автори:

д-р Антонела Љубиќ,

д-р Владимир Трајковски,

д-р Галина Димитрова,

д-р Бранислав Станковиќ,

Македонското здравство се соочува со многу предизвици, за кои не секогаш се наоѓаат одржливи решенија. Но има и успешни приказни кои заслужуваат внимание. Денеска сакаме вниманието го посветиме на една таква извонредна приказна која зборува за стручност, совесност, професионализам, амбиција, посветеност, човекољубие, за се она што се најголеми доблести на еден човек, а тоа е развојот на трансплантацијата на органи и ткива како и промоција на органодарителството, кое во последните неколку години бележи извонреден успех. Оваа приказна немаше да биде никогаш напишана ако не беше големиот ентузијам и желба да се успее на голем број на доктори, секој во својот дел градејќи ја нишката од мозаикот која почна со трансплнатација на бубрези, се воздигна со првата трансплантација на срце, како и првите трансплантации на коски и коскени ткива и продолжи со воведување и на трансплантација на  црн дроб. Прославувањето на роденденот на Комората го посветуваме на оваа успешна приказна доделувајќи Благодарници за унапредување на трансплантацијата и органодарителството на следите доктори:

Клиника за нефрологија
Д-р Ирена Рамбабова-Бушљетиќ
Д-р Лада Трајческа
Д-р Игор Николов
Д-р Гоце Спасовски
Д-р Галина Северова-Андреевска
Д-р Жаклина Штерјова Марковска
Клиника за урологија
Д-р Сашо Дохчев
Д-р Сотир Ставридис
Д-р Јосиф Јанчулев
Д-р Александар Трифуновски
Д-р Димитар Трајковски
Д-р Виктор Станков
Д-р Александар Јосифов
Д-р Александра Пановска-Петрушева
Д-р Александра Гавриловска-Брзанов
Клиника за кардиологија
Д-р Елена Груева Настевска
Д-р Фросина Арнаудова-Дежуловиќ
Д-р Магдалена Отљанска
Д-р Жан Зимбаков
Д-р Емилија Чапароска-Величковска

Клиника за кардиохирургија
Д-р Васил Папестиев
Д-р Марјан Шокаровски
Д-р Сашко Јовев
Д-р Марија Ѓеракаровска-Радовиќ
Д-р Надица Мехмедовиќ
Д-р Александар Колев
Д-р Никола Лазовски
Д-р Кристијан Бундовски
Д-р Лазар Костовски
Д-р Јасмина Илиевска
Д-р Весна Миташова
Д-р Ванѓел Здравески
Д-р Дејан Димитровски
Д-р Кјутим Џељиљи
Клиника за гастроентерохепатологија
Д-р Бети Тодоровска
Д-р Фана Личоска-Јосифовиќ
Д-р Елена Цуракова Ристовска
д-р Емилија Николовска Трпчевска
Клиника за дигестивна хирургија
Д-р Зоран Караџов
Д-р Светозар Антовиќ

Д-р Љубомир Огњеновиќ
Д-р Ќемаљ Рушити
Д-р Дарко Џамбаз
Д-р Вилијам Китевски
Д-р Татјана Спировска
Д-р Марјана Бурмузоска
Д-р Виолета Огњанова
Д-р Филип Наумовски
Клиника за ортопедија
Д-р Мики Филев
Д-р Милена Богојевска Доксевска
Д-р Јадранка Зафировска
Д-р Јасминка Нанчева
Д-р Алан Андоновски
Д-р Лилјана Анѓелеска
Д-р Александар Трајановски
Д-р Резеарт Далипи
Д-р Милан Самарџиски
Д-р Александар Савески
Д-р Даљип Јахја
Д-р Виктор Камнар
Клиника за хематологија
Д-р Ирина Пановска-Ставридис
Д-р Александра Пивкова Велјановска

Д-р Лазар Чадиевски
Д-р Борче Георгиевски
Д-р Мартин Ивановски
Д-р Сања Трајкова
Д-р Злате Стојаноски
Д-р Лидија Чевреска
Д-р Милче Цветаноски
Д-р Невенка Ридова
Македонски дарителски регистар
Д-р Александар Петличковски
Д-р Мери Киријас
Д-р Горјан Милановски
Клиника за неврохирургија
Д-р Венко Филипче
Д-р Александар Чапароски
Д-р Владимир Рендевски
Д-р Александар Жупаноски
Институт за транфузиона медицина
Д-р Кочо Димитровски
Д-р Анита Христова-Димчева
Д-р Перко Колевски
Приватни болници
Д-р Жан Митрев – Филип Втори
Д-р Тања Анѓушева – Филип Втори

Д-р Александар Николиќ – Систина
Д-р Димче Славевски
Клиника за реанимација и интензивно лекување
Д-р Маја Мојсова-Мијовска – национален координтор за
трансплантација
Д-р Биљана Андоновска
д-р Вања Џамбазовска-Трајковска
Д-р Ида Теменугова
Д-р Азби Агуши
Д-р Благој Шунтов
Д-р Весна Дурнев
Д-р Јасна Бушиноска
Д-р Миленко Костов