(Видео) Силно невреме попладнево во Прилеп

Денеска околу 15 часот Прилеп го зафати невреме. Во краткиот пороен дожд бил поплавен подвозник на влезот од Прилеп, каде што биле заглавени два автомобили, а акумулирана вода имало и по градските улици. Состојбата многу брзо била санирана.

Изминатите денови, во неколку наврати, УХМР извести дека се очекува нестабилно време во повеќе делови на Македонија.