(ВИДЕО) Познат идентитетот на убиениот во Приштина

Блерим Даци бил ликвидиран синоќа во Приштина откако во неговото возило било пукано од друго возило со калашников. Возилото од кое било пукано е најдено запалено на патот кон Грачаница, а внатре полицијата нашла два калашникови, јавуваат косовските медиуми.

Возилото на Даци било со македонски регистарски ознаки.

Инаку, жртвата Блерим Даци бил застрелан со огнено оружје околу 20 часот. Тој бил пронајден мртов во неговиот автомобил, а подалеку од убиството најден бил и запален автомобил кој го користеле осомничените, вмешани во случајот.

извор: Индексонлајн