Полицаец во Белград си го убил деветгодишниот син, па се самоубил – пронајдено проштално писмо

0
452

Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи синоќа во стан на Баново брдо во Белград ги пронашле безживотните тела на полицаецот Д.Ј.(42) и неговиот деветгодишен син.

Како што пренесува nova.rs, во соопштението на МВР на Србија, се наведува дека покрај безживотните тела било пронајдено проштално писмо.

Полицијата се сомнева дека се работи за убиство и самоубиство. МВР на Србија продолжува да работи на утврдување на сите околности и факти за овој трагичен настан.

извор: nova.rs