(ВИДЕО) Во австриската провинција Тирол се урна голем дел од планински врв, предизвика огромен одрон

0
220

Во австриската провинција Тирол се урна голем дел од планински врв, предизвикувајќи огромен одрон. Повеќе од 100.000 кубни метри карпи паднаа во долината и предизвикаа лизгање на земјиштето. За среќа нема повредени. Во неделата почнаа да се уриваат карпи од Флухторн, планина висока речиси 3.400 метри на Алпите, на границата меѓу Швајцарија и Австрија. Геолозите тврдат дека тоа се случило поради топењето на вечниот мраз (трајно замрзната почва).

 

Карпите може да предизвикаат големи проблеми за жителите кои живеат во подножјето на планините. Во мај, жителите на швајцарското село Бриенц, кое се наоѓа во близина на Давос, мораа да се евакуираат по предупредувањето дека речиси 2 милиони кубни метри карпи може да паднат врз нивните домови. Иако тоа се уште не се случило, жителите не можат да се вратат во своите домови.