Легализација на канабисот за медицински цели во Албанија

Албанската владата го одобри предлог-законот за производство и употреба на канабис за медицински и индустриски цели.

Согласно законот, ќе се формира и Национална агенција за контрола, која ќе дава лиценци на компаниите и ќе го следи пазарот.

-Со овој Предлог-закон се дефинира регулаторната рамка за тоа како ќе се иницира процесот. Целта е регулирање и гранатирање на процесот на контрола и надзор на производството и преработката. Главните аспекти се поврзани со регулаторните аспекти од моментот на одгледување па се до безбеден и контролиран извоз. Има посебен елемент со кој се дефинираат и институциите кои ќе се занимаваат со контрола на преработката и производството на производи за медицински цели. Создадена е Национална агенција за контрола на канабисот, изјави министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу.

Канабисот што ќе биде дозволен за производство не сме да бидат сорти што содржат повеќе од 0,2% ТХЦ(THC), што е активната супстанција во внатрешноста на растението која има и лековити својства.

 

nezavisen.mk