Пронајдени се три безживотни тела и автомобилот којшто е извлечен од Лепенец – За тројцата членови на косовското семејство немало спас

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце. Пронајдено е и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.

извор: МВР