Следува седмица на суво време со повисоки дневни температури

0
80

Моќниот антициклон “Зевс” во Македонија во новата седмица пред нас ќе донесе суво време, а исто така ќе има и се повеќе сонце. Повремено, особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.

Поради ведрите ноќи и утра температурите наутро ќе бидат се пониски и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, понекаде тие ќе се спуштат и под -10 степени, со што на повеќе места ќе има појава на силен утрински мраз.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени, а кон крајот на работната седмица и за време на следниот викенд тие ќе бележат тенденција на понатамошен пораст.

Во Скопопје и околината ќе имаме слично време. Стабилно и суво со се повеќе сонце. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -5 и -1 степен, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 6 и 8 степени, пишува во најновата објава метеопрогнозерот Слачво Попоски.