Северна Кореја истрелала „неидентификуван проектил“, соопшти во неделата јужнокорејската војска по речиси едне месец без севернокорејско лансирање проектили во текот на Зимските олимписки игри во Пекинг.
„Северна Кореја истрача неидентификуван проектик во источен правец“ соопштија началницеите на јужнокорејскиот здружен генералштаб без други поединости.
Јапонската новинска агенција Kyodo пренесува дека по ракетното лансирање од Северна Кореја немало информации за штети. Јапонската креајбрежна стража во 7,59 часот по локално време, во 23,49 по македонско, известила за лансирањето. Веќе по половина час објавила дека проектилот веќе е паднат и ги предупредила бродовите кои пловат да бидат внимателни и да не му се приблужуваат на објектот.
Доколку информацијата за лансирањето биде потврдена, тоа ќе биде веќе осмото ласнирање на Северна Кореја од почетокот на годината. Претходно на 5-ти и 11-ти јануари Пјонгјанг извести за тестирања на две ракети за коишто рече дека се хиперсонични, на 14-ти истиот месец беа лансирани две балистички ракети со краток дострел од железнички мобилен ракетен систем, на 17-ти беа тесирани две тактички наведувани ракети со кус дострел, на 25-ти и на 27-ми јануари крстосувачки односно тактичка наведувана ракета „земја-земја“. Еден од овие беше најмоќниот од 2017 година.
Пјонгјанг поради меѓународните санкции предупреди дека може да го укине самонаметнатиот мораториум за испитување интерконтинентални балистички проектили и нуклеарни тестови.
Севернокорејското демонстрирање на моќ доаѓа во чувствителен момент за регионот, додека Јужна Кореја се подготвува за претседателските избори на 9-ти март. Западните аналитичари оценуваат дека Пјонгјанг би можел следната годишнина, 110 години од раќањето на Ким Ил-сунг, на 15-ти април да ја искористи за тестирање на посилно оружје.
извор/фото: агенции