Комисија од јавни обвинители во надзор на постапувањето во предметите во обвинителствата во Струга и во Битола

Четиричлена комисија од јавни обвинители од јавното обвинителство денеска врши надзор на постапувањето во предметите во обвинителствата во Струга и во Битола. По целосните проверки на постапувањето, комисијата ќе изготви извештај.

И судскиот совет се очекува во текот на денот да одговори што се случило со предметот кој Антикорупциска им го доставил за влијание врз судии од тогашниот претседател на струшкиот суд. Од судски велат дека предметот постои, иако антикорупциска минатата недела обвини дека прво негирале дека постои предмет, за потоа да застари.

 

 

telma.mk