Пет тинејџери загинаа утрово во тешка сообраќајна несреќа во Флорида

0
207

Пет тинејџери загинаа денеска кога автомобилот во кој се возеле почнал неконтролирано да се движи пред да го напушти патот и да падне во акумулационо езеро во југозападниот дел на американската сојузна држава Флорида, соопштија денеска локалните власти во Форт Мајерс.

Претставници на полицијата во Форт Мајерс изјавија дека несреќата се случила во понеделникот рано наутро по локално време и дека три девојчиња и две момчиња, сите на возраст од 18 до 19 години, го загубиле животот, пренесува АП.

infomax.mk