(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Словенија: Камион удрил во цистерна пред тунел, избил пожар

0
176

Во тунелот Малечник кај Марибор товарен камион налетал на цистерна која била во колона поради застој во сообраќајот, по што се запалиле неколку возила.

Видеото од несреќата е објавено на Твитер профилот на ДАРС, словенечката компанија одговорна за автопатиштата во земјата.

Констатирано е дека во судирот бил оштетен бетонскиот ѕид на тунелот, а во пожарот целосно изгорела светлосната сигнализација и другата опрема.

И покрај тежината на несреќата, нема загинати или тешко повредени.

Тунелот е тешко оштетен, таванот почнал да се урива, а се проценува дека извесно време нема да биде во функција. На терен имало дури 120 пожарникари.