Вчера во 18.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен 15-годишник од скопско, на кој му се слошило додека бил на базен на подрачјето на Карпош, соопшти МВР. По извршените обиди за реанимација му била констатирана смрт без видливи траги на насилство.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
извор:МВР