Скопјанец се обидел физички да нападне лекар во Градска болница, оштетил биро и компјутер

0
124

МВР информира дека рано утринава во 03.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.К.(27) од Скопје затоа што околу 01.10 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се обидел физички да нападне лекар кој бил на работното место, а оштетил едно работо биро и компјутер.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.