(ФОТО) Родилката Крстевска од Битола објави фотографија со модринки и гребаници: Да, ова беше мојот “НЕНАСИЛЕН” ПОРАЃАЈ!

0
1166

Родилката Викторија Крстевска од Битола, чие бебе почина кусо по раѓањето во битолската болница пред три месеци, јавно ѝ даде поддршка на 21-годишната родилка, која вчера, во истата болница, роди мртво бебе. Крстевска уште еднаш побара одговорност за случувањата во болницата и повика на заедништво за да се стави крај на таквите случувања во болницата.

Заедно со повикот и поддршката Крстевска објави и фотографија, на која се гледа труднички стомак со модринки и гребаници.

Како мајка која неодамна го загуби своето бебе во таа проклета болница.
Како жена која сама се бори против се и сите.
Јас ќе застанам позади таа жена која вчера го изгуби бебето!
ЗАЕДНО МОЖЕМЕ.
МОРА да има крај на овие случувања!
ОДГОВОРНОСТ!!!!!!
** НЕМАЛТРЕТИРАНО! Напоменато!
Почнаа и со нови изрази после МОЕТО МАЛТРЕТИРАЊЕ!
Да, ова беше мојот “НЕНАСИЛЕН” ПОРАЃАЈ!
ДОСТА Е!
НЕМА ДА МОЛЧИМЕ!!!!!!!
Родилката не искажала незадоволство..
Да.. Да.. Да.. И неа ли и нудите сокче😅?
кафенце? М? Или можи пари?
Не постои пара на светот што можи да ме купи за не се борам за правдата на своето дете, како и за нанесување штета и на други мајки!
СРАМ СТЕ!, напиша Крстевска на „Фејсбук“.

извор: ФБ Viktorija Krsteska