Со нов закон за амнестија, власта ќе ги празни затворите. Според информациите на Сител, ќе се работи за еднократна амнестија со која на осудените што веќе се во затвор, казната ќе има биде намалена од 25 до 30 отсто, зависно од типот на кривично дело за кое се осудени. Оние осуденици на кои има останува да издржат уште 30 отсто од казната, целосно ќе бидат ослободени, брифираат извори од правда.
Тие тврдат дека со амнестијата нема да бидат опфатени тешки кривични дела, како што се тероризам, убиства, организиран криминал, објави Сител.
За експертите, предлогот само на краток рок ќе го реши проблемот со пренатрупаност. Потсетуваат дека пред пет години, со сличен закон беа амнестирани околу 800 затвореници. Професорката по казнено право и криминологија, Груевска-Дракулевски вели, внимателно да се избере кој ќе го напушти затворот, бидејќи по примената на претходниот закон, дел од амнестираните по само неколку часа од слободата сториле ново кривично дело.
„Кога беше донесен претходниот закон за аменстија во 2018 година, се соочивме со висока стапка на повратници. Имаше еден карактеристичен случај на лице кое само четири часа по отпуштањето од установата, сторил ново кривично дело. Проблемот на пренатрупаност да се решава со почеста употреба на алтернативни санкции, “, изјави Александра Груевска-Дракулевски, Редовен професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ на Институт за Казнено право и Катедра за криминологија и Пенологија.
И професорот Калајџиев смета дека амнестијата ќе има краткотраен ефект и требаат нови современи затворски установи. Предлага намалување на казните за сите затвореници.
Текстот во целост на: Сител.