И Зендели од БЕСА нема да гласа за уставните измени

Уште еден пратеник од албанскиот политички блок најави дека нема да ги поддржи уставните измени.

Запрашан дали ќе гласа за уставните измени, единствениот пратеник на Движењето Беса, Фадил Зендели за ТВ21 изјави дека нема да гласа за предлогот кој не вклучува отстранување на терминот „20 проценти“ што се однесува на албанскиот јазик.

Извор: ТВ 21