Фудбалските сојузи на Туркије и Италија најавија дека ќе предадат кандидатура за заеднички домаќини на Европското првенство (ЕВРО), кое ќе се одржи во 2032 година, пренесува Анадолу.
„По состаноците и договорите, турскиот и италијанскиот сојуз одлучија да поднесат заедничка кандидатура до УЕФА за заедничко организирање на ЕВРО 2032“, се вели во соопштението на веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Туркије (ТФФ).
Во соопштението се наведува дека заедничката организација на првенствата се покажала како многу успешна на ЕП 2008, 2012 и 2020 година.
„Студиите за Светското првенство во фудбал во 2026 година, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада, покажаа дека повеќе фанови влегуваат во интеракција и дека е поефикасно да се организираат доколку турнири од оваа големина се организираат заедно. Доколку УЕФА ги прифати понудите на Туркије и Италија, градовите домаќини и стадионите ќе се одредат меѓу оние претходно известени од двете асоцијации до УЕФА и турнирот ќе се одржи подеднакво во двете земји. Конечната одлука за изборот на градови домаќини и стадиони ќе биде донесена по идните разгледувања“, соопшти ТФФ.
Претседателот на ТФФ, Мехмет Бујукекши, рече дека одлуката за заедничка кандидатура за ЕУРО 2032 е важна и за турскиот и за европскиот фудбал.
„Нашето партнерство со Фудбалскиот сојуз на Италија ги одразува вредностите на пријателството и соработката во европскиот фудбал. Верувам дека ќе ја зајакне постојната соработка меѓу двете медитерански земји што се дел од слична култура и длабоко вкоренета историја и ќе изгради важен мост за иднината на нашиот фудбал“, изјави Бујукекши.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.