Грануломатозна пневмонија приченета од габична – аспергилус инфенкција (Pneumonia granulomatosa gravis-aspergilosa) и ненавремено превенирање се причина за угинувањето на две единки од бебиња пингвини во мај и јули годинава, покажаа наодите по обдукцијата на Факултетот за ветеринарна медицина на барање на Зоолошката градина Скопје, дознава Телма. За актуелното раководство на Зоолошка Скопје до ова немало да дојде доколку грижата била на повисок степен.
“Заради ненавремено реагирање и несоодветен третман од страна на ветеринарка во ЗОО ветеринарката Весна Левајковиќ Трајков, вработена во ЗОО во време на раководство на ВМРО-ДПМНЕ за која и покрај тоа што во 2012 година е добиено решение за неуспешност во работењето, истата продолжува со несоодветно постапување и негрижа, за што е поднесена соодветна кривична пријава и врачено решение за отказ од установата, потврдено од страна на Управниот одбор на ЗОО Скопје“, соопштија од Зоолошка градина Скопје
За опозициската ВМРО ДПМНЕ пак последното случување со угинувањето на три коњи во скопската Зоолошка е алармантно.
„Ако на секои 3 месеци се распишува тендер за набавка на свежа храна во износ од 10-тици илјади евра, како истото е можно и зашто животните се хранат со донирана непроверена храна за која не постои технолог вработен во оваа установа за проценка на квалитетот на храната и дали треба да се хранат животните со истата, каде завршува храната која редовно се дистрибутира од постапките кои што се со завршен тендер и потпис“. Дали поморот на животни се должи од нездравата исхрана со која се прехрануваат животните? Дали паталошкиот наод од смртта на жирафата покажа бактерија салмонела која исто е создадена од неправилна расипана исхрана“, изјави Стефан Кирков, член на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Зоолошката градина во целост ги отфрли ваквите тврдења.
Текстот во целост на: Телма