Додека туристите се сончаат на плажата Бијела во Херцег Нови, стаорец слободно се шета по распосланите пешкири. Видеото од стаорецот е објавено на инстаграм профилот „Подгорички времеплов“.
Не се прецизира за која плажа се работи, иако коментаторите веќе шпекулираат, обвинувајќи ги капачите кои оставаат отпад зад себе, но и надлежните служби.