Стефковски: Седум години од катастрофалната поплава во Општина Гази Баба – Никогаш да не се повтори! Никогаш да не се заборави!

0
162

Денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја зафати општина Гази Баба, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

22 наши сограѓани ги загубија своите животи и болката по нив ќе трае засекогаш.
Материјалната штета беше огромна. Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе и разруши се.
Кога навидум се беше безнадежно, се роди новата надеж дека ќе дојде подобро утре. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општината и подадоа рака за помош.
Како градоначалник на општина Гази Баба и денес по седум години од катастрофалните поплави изразувам благодарност до сите оние кои на било каков начин дадоа придонес во справувањето со последиците од поплавата.
Почитувани граѓани,
Жртвите од поплавата како и солидарноста и хуманоста на илјадници луѓе кои помогнаа во справување со последиците од поплавата не смееме никогаш да ги заборавиме.
Гази Баба се сеќава!
Никогаш да не се повтори!
Никогаш да не се заборави!

Извор: ФБ Бобан Стефковски