(ВИДЕО) Хаос во Атина: 22-годишно лице го загуби животот во синоќешните инциденти помеѓу навивачите на Динамо Загреб и АЕК во Атина

АЕК и Динамо Загреб вечерва се соочуваат во квалифиакциите за Лигата на шампионите, меч за кој УЕФА забрани присуство на гостински навивачи, но тоа не ги спречи дел од поддржувачите на хрватскиот клуб да пристигнат во Грција и направат вистински хаос во Атина.

Околу 200 фанови на Динамо направиле серија инциденти во Неа Филаделфија, делот каде што се наоѓа стадионот на грчкиот великан „Аја Софија“.

Популарните „Бед Блу Бојс“ дури и сакале да влезат во стадионот, се случиле жестоки пресметки со домашните поддржувачи, полуцијата, се користеле молотови коктели, палки и други предмети, има многу повредени, приведени, а еден навивач го загубил животот.

извор: derbi.mk