Дијабетичарите ќе го тужат Министерството за здравство – илјадници лица правдата ќе ја бараат на суд

0
95

Веќе не молиме за лек со протести, туку влегуваме во правна битка со Министерството за здравство. На дијабетичарите им пукна филмот, револтирани и гневни правдата решија да ја бараат преку суд, со тужби. Велат, недозволиво е осум месеци да нема инсулински игли, ленти и апаратчиња за мерење на шеќер а никој да не понесе одговрност. Претседателот на Сојузот на дијабетичари Димче Велев за Алфа вели дека крајно неодговорно е пациентите да страдаат поради тендерски процедури, објави Алфа.мк.

“Ние почнуваме правна битка. Ние сме сериозни луѓе во сојузот, не сме дечиња.Зошто не ни рефундираат или да најдат начин што три години сами се снаоѓаме а они молчат и како нешто да прават.Завршена е приказната, ќе правиме така како што треба” – вели Велев.

Бојан Киров-дијабетичар прашува до кога во оваа држава пацинетите со дијабет ќе живеат под сериозен стрес, игнорирани и дискриминирани?

Текстот во целост на: Алфа.мк