Спасено куче заглавено на 11 спрат од страна на тимот на „Лајка“

По пријава од граѓани дека има заглавено куче на 11-ти спрат во објект во изградба, тимот на ЈП „Лајка“ се качија во зградата за да го спасат кучето. Според сведочењата од граѓаните, кучето било заглавено повеќе од четири дена.

-Кучето е сега во нашето прифатилиште каде ќе го помине хуманиот третман и ќе вложиме напори да и најдеме дом на Лора. Ова херојско дело заслужува голема пофалба. Им благодариме на Зоран и Магдалена за брзата и хумана реакција – велат од ЈП „Лајка“.

 

 

nezavisen.mk