Холивудската ѕвезда, Деми Мур, била фотографирана на вечерно излегување на островот Миконос. Во танцувачки занес, таа убаво се забавувала во големото друштво, боса и во впечатлив светлозелен фустан со кој ја истакнала својата витка линија.
Грција е омилена дестинација на Деми и отсекогаш била добредојдена гостинка таму, а овојпат причината за посета на овој остров бил роденденот на нејзината пријателка Вероника Пастра.
И додека вечерите ги минувала танцувајќи во ноќните клубови и уживајќи во грчките специјалитети, преку ден се сончала, пливала или пловела на луксузната јахта.
И покрај тоа што има 60 години, Деми и понатаму изгледа одлично. Дека била посветена на редовните тренинзи, благодарение на кои останува во топ форма, неможело а да не се забележи во зеленото бикини, чиј долен дел го имале V-изразот напред.
Без шминка и залижана коса, Деми низ луксузната јахта прошетала само по бикини, а потоа побарала освежување скокајќи во морето.
tocka.mk