Протест на семејствата на загинатите во модуларната болница – „Корупцијата убива“

Семејства на загинатите од пожарот во тетовската модуларна болница, но и Тетовци незадоволни од пресудата за овој случај, денеска со транспаренти на протест порачаа дека „Правдата е лажна вест во земјава“. Побараа и ново судење на кое ќе бидат изведени „вистинските виновници“.

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, државниот обвинител Љубомир Јовески и сопственикот на компанијата „БРАКО“ Кочо Анѓушев да се најдат на обвинителна клупа и да одговараат за пожарот во модуларната болница во Тетово каде живи изгореа 14 лица, порачаа денеска роднини на загинатите пред судот во Тетово каде протестираа барајќи, како што велат, правда за овој случај.

„Правдата е лажна вест во земјава“, „Стоп за селективна правда“ и “Одговорност сега“ , беа само дел од пораките на транспарентите на денешниот протест, мотивиран од документарецот на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) насловен „Убиство во Тетово“.

извор: slobodnaevropa.mk