Министерството за надворешни работи со загриженост и внимание ја следи актуелната вонредна состојба во Грција, настаната како разултат на последните шумски пожари, кои резултираа со човечки жртви и други големи загуби. Во оваа прилика, би сакале да изразиме сочувство до семејствата на загинатите и да им посакаме брзо закрепнување на повредените.
Според досегашните информации добиени од надлежните институции на Грција, меѓу загинатите нема државјани на Македонија.
Има еден повреден државјанин на Македонија, возач на камион чија приколка се опожари додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис. Возачот добил изгореници, кои се третирани во локалната болница. Во непосредна близина, се наоѓа и втор камион со македонски регистарски таблички, кој поради механички дефект, не е во возна состојба. Тројцата наши државјани, кои се наоѓале во двата камиона, на време биле евакуирани и на пат се кон Македонија.
Министерството, преку својата Амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун, одблиску ги следи состојбите и останува во тесна комуникација со грчките надлежни институции и нашите државјани. Доколку има нови информации, дополнително ќе ја известиме јавноста.
Воедно, апелираме до нашите државјани, доколку се наоѓаат во погодените подрачја и имaaт потреба за помош, да ја контактираат нашата Амбасадата во Атина, преку следните СОС телефонски броеви: 00302106749585 / 00306944743071, Генералниот конзулат во Солун на +30 698 720 0410 или Министерството во Скопје на +389 75 273 732.
извор: МНР