Уапсен па експресно ослободен. Алил Демири кој Македонија го бара за масакрот кај Смилковското езеро од попладнево е слободен човек, објави Канал 5.
Ова е одлука на косовскиот суд, со што по втор пат се одбива македоснкото барање за негова екстрадиција назад во земјава. Ова го објавија тамошните медиуми, кои дури и објавија фотографија на Демиро со неговиот адвокат Бесник Бериша.
Според процедурите сега потребно е косовскиот суд да ги извести македонските власти за одлуката за екстрадиција, а тоа ќе ги определи и следните чекори на македонската страна.
Од Министерството за правда на прашање дали имаат комуникација со косовските колеги околу екстрадицијата на Демири, го испратија следниот одговор.
-За сите активности на Министерството за правда навремено ќе бидете информирани.
Македонија во моментов има активно барање за екстрадиција на Демири испратено во 2018тата година, но од Косово засега само молк. Не одговори ни на прашањето на Канал 5 за тоа што ќе се случува со Демири.
Прв пат екстрадиција е побарана на 15 март 2013година, а беше одбиена три години подоцна односно во 2016тата.
Инаку, Демири се бара како извршител на петкратното убиство на Смилковското езеро.
извор: Канал 5.