Пецаков: Христијана е нашиот шампион, нашата гордост, ни покажа дека со љубов и работа не постојат недостижни работи

0
136

Верувам дека не постои охриѓанец кој не се радува на достигнувањата од Христијана Парулеска.
За радоста да биде уште поголема Христијана ни овозможи уште еднаш во краток период да се собереме и колективно радуваме напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во ообјавата градоначалникот додава:
Овој пат повод за тоа е освоеното 3то место на Светското првенство во теквондо. Во категоријата на спаринг борби таа беше подобра од учесничките Русија, Канада и Грција. За жал поради повреда од 1/4 финалето во полуфиналето и покрај водството од 4:1 натпреварот мораше да го предаде.
Христијана е нашиот шампион, Христијана е нашата гордост и Христијана ни покажа дека со љубов и работа не постојат недостижни работи.

Извор: ФБ Кирил Пецаков