(ВИДЕО) Невреме ја зафати Хрватска, тронадо во Ровињ

Делови од Хрватска веќе ги зафати најавенто невреме. Громови и дожд ги зафатија Пореч и Умаг пред неколку часа, објави Истрамет. Но, нов посилен фронт на бура со многу молњи пристигна над западниот дел на Истра.

Истрамет извести и дека кај Ровињ се појавила големо торнадо.

 

Поради силната промена на времето која ќе ја зафати цела Хрватска, издадени се метеоролошки предупредувања, па речиси за целата земја е објавено портокалово метео предупредување. Локално можна е појава на грмежи и град.

„Подгответе се за силни грмотевици кои можат да предизвикаат големи штети и заштитете се од гром. Можни се штети на имот и дрвја. Можни се локални поројни поплави, налети на ветер и град. Можни се прекини во активностите на отворено и сообраќајот“ – предупредија од хрватската хидрометереолошка служба, пренесуваат хрватските медиуми.