Откако обвинителството и финансиската полиција вчера во акција запленија компјутери и медицински истории на пациенти на Клиниката за онкологија, претресот го продолжиле и кај поранешниот директор на болницата.
Според информации на Слободен печат, претрес е направен во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев, како и кај уште еден вработен од клиниката кој бил возач. ОЈО Скопје и МВР работат за да се испитаат обележја на кривично дело.
Слободен печат објави дека во постапката ќе бидат вклучени судски вештаци, кои што ќе ги прегледуваат медицинските истории на пациентите, поради различни наводи за финансиски криминал и злоупотреба на лековите. На пример, ќе се проверува дали на пациенти што се починати, непосредно пред смртта им е давана терапија на хартија за наредниот период, која подоцна морало да биде вратена во аптеката како донација и била препродавана.
извор: Слободен печат,