Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Чиле, соопшти Американскиот геолошки институт, пренесува Анадолу.
Земјотресот се случи во 20:48 часот по локално време, додека неговиот епицентар бил на 41 километар југ-југозападно од Кокимбо, Чиле.
Се случил на длабочина од 41 километар.
Властите ја повлекоа наредбата за предупредување за евакуација, а според чилеанските служби за итни случаи не се пријавени жртви или оштетувања на објекти.
Чиле има доживеано разорни земјотреси во минатото. Во 2010 година, во земјотресот со магнитуда од 8,8 степени и во цунамито предизвикано од земјотресот загинаа повеќе од 500 луѓе.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.