Откако бурата „Даниел“ ја опустоши Грција, практично цела недела на социјалните мрежи кружат снимки од последиците од катастрофалните поплави во земјата. Има лизгање на земјиштето, уништени електрични столбови, а силните порои однесоа десетици автомобили.
На една од снимките од поплавите во Атина се гледа надојдената вода носи жена. Таа очајнички се обидува да се задржи за сообраќаен знак, а за нејзина среќа, на помош и пришол случаен минувач кој успеал да ја спаси.
Метеоролошката служба на Грција објави дека земјата е погодена од најекстремните временски појави во однос на врнежите откако се води евиденција.