Рада засега нема план да се мажи!

0
180

Пејачката Рада Манојловиќ (38) истакнува дека многу мажи не издржале со неа, бидејќи, како што и самата истакнува, има тежок карактер.

-Мажите не можеа да ме поднесат. На почетокот лесно поднесуваа се, бидејќи знаеја со кого влегуваат во врска, имаа претстава за мене од медиумите. Меѓутоа, после одреден временски период, на мажите им беше тешко да го толерираат мојот карактер. Морам да признаам дека понекогаш ми е тешко и самата со себе. Премногу сум самостојна и тоа им пречи на мажите, вели Рада.

Таа открива кога ќе стапне на лудиот камен.

-Не планирам да стапнам на лудиот камен. Ќе се случи кога најмалку очекувам. Првата личност на која ќе налетам, веднаш ќе се омажам, без разлика на се. Не сакам повеќе да бидам во врска со години. Тоа што сум во долги врски не ме чинеше ништо, сето тоа беше едно искуство. Сето тоа има свои заслуги бидејќи очигледно е дека и јас не бев подготвена за нешто поголемо. Повеќе нема да трошам време и години на запознавање. Преминувам само на сериозни работи, истакна пејачката која беше во врска со пејачите Милан Станковиќ и Харис Берковиќ.

 

 

kurir.mk