Приведен маж од скопско – бил агресивен и се заканувал на полициски службеник

0
252

На 11.09.2023 во 13:50 часот, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци го лишиле од слобода М.П.(35) од с.Мојанци, скопско, затоа што се однесувал агресивно и се заканувал на полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

фото: Архива