РСЕ: Протерани тројца руски дипломати, МНР молчи

0
128

Тројца руски дипломати во земјава се прогласени за персона нон грата објави руската амбасада, но за сега нема потврда од македонското Министерство за надворешни работи. Вакавата информација беше објавена на социјалната мрежа Х (Твитер) и во објавата е пренесен и коментар на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захариева.

Според информациите оваа одлука била донесена на 12 септември, но немало никакво објаснување од властите за причините. За Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни е неодговорен и непријателски чин и најавува дека нема да остане без одговор.

„На 12 септември властите на Северна Македонија, без објаснување на причините, прогласија тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за „persona non grata“. Неодговорниот и непријателски чекор на властите на Северна Македонија нема да остане без одговор“, пишува во објавата на руската амбасада.

Во март и април лани во два наврати петмина и шестмина руски дипломати, а тогаш од МНР соопштија дека протераните дипломати излегле надвор Виенската конвенција за дипломатски односи и надвор од нивните активности и мораше да ја напуштат државата Претходно Руската Федерација пак протера македонски дипломат.

За сегашниот случај на протерување нема официјална информација од земјава иако коментарот на Захарова е објавен и на официјалната интернет-страница на руското Министерство за надворешни работи.

Таму се вели и дека властите во Северна Македонија „продолжуваат да се движат по патот на влошување на конфронтацијата и да ги водат билатералените односи, во ќорсокак, кои и онака се во длабока криза.

„Одлуката за протерување на нашите колеги ја сметаме за несоодветна желба на раководството на оваа земја уште еднаш да им ја покаже на западните чувари нејзината важност во борбата против имагинарната ‘руска закана’. Неодговорниот и непријателски чекор на властите на Северна Македонија нема да остане без одговор“, пишува во објавата.

Во земјава беа пријавени вкупно 19 руски дипломати заедно со амбасадорот и двајца воени претставници.

извор: slobodnaevropa.mk