More

    МНР ги повикува Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност на претстојниот попис

    Министерството за надворешни работи (МНР) ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, на претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели.

    Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, на начин како тоа е постигнато во Македонија, и кое претставува непроценливо автентично политичко и културно наследство. Препознавајќи ја улогата на Македонците како лојални граѓани на Албанија, претстојниот попис ќе им овозможи преку слободното изразување на својот идентитет, да ја потврдат со тоа и сопствената етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност. Со тоа и дополнително ќе се потврди улогата на македонската етничка заедница во Албанија, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави, велат од МНР.

    Македонија и Албанија, додаваат, се земји со исклучителни пријателски односи.

    Министерството за надворешни работи и институциите на Република  Македонија ќе останат во интензивна комуникација со претставниците на македонската етничка заедница во Албанија, исто како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашањата кои ги засегаат идентитетските прашања. Продолжуваме активно да се ангажираме за заштита и промовирање на овие права на ист начин како што тоа го правевме и досега, посочуваат од МНР.

    Извор: МНР

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img