More

    Почина деветгодишно дете позитивно на Ковид на Детската клиника

    Двегодишно дете од Ресен, првично хоспитализирано во Битола па препратено за Скопје, починало синоќа на Детската клиника со ковид 19. Во информацијата што ја објави „Слободен печат“ се наведува дека смртта настапила во Ургентниот центар на Клиниката за детски болести, а детето било примено во 7 часот изутрина како итен случај од Битола и интубирано.

    Според директорката на Клиниката, доктор Стојка Нацева Фуштиќ ковид не е причина за лошиот исход, иако брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката.

    -Детето нема медицинска историја кај нас бидејќи фамилијата живее во Германија. Од податоците што ги добивме има сериозни претходно дијагностицирани состојби, белодробна хипертонија, трахеомалација, оперирана срцева маана ВСД, заостаток во моторниот развој. Ковид сигурно не е причина за лошиот исход. Брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката, изјави доктор Фуштиќ за Слободен печат.

     

    skopskoeho.mk

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img