More

    Уапсен монах од Романија кој физички нападнал монах од Белорусија на Света Гора

    Монах од Романија е уапсен откако, веројатно под дејство на алкохол, во манастир на Света Гора, физички нападнал монах од Белорусија, кој бил пренесен во болница, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

    Според информациите на солунскиот информативен портал „Вориа“ инцидентот се случил пред манастирот Хиландар, а караницата веројатно започнала поради различните ставови на двајцата монаси за рускиот патријарх Кирил, по што 35-годошниот монах од Романија го нападнал 53-годишниот од Белорусија.

    Физичкиот напад бил со раце,нозе и пластично шише по што нападнатиот се здобил со повреди и бил пренесен во болница, а сторителот бил уапсен.

    При распитот, напаѓачот рекол дека бил под дејство на алкохол, бидејќи пиеле вино и не бил свесен за своите постапки.

     

     

    МИА

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img