Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела на седницата за пратенички прашања најави дека македонската Влада ќе отвори културен центар во Благоевград во Бугарија, а допрва ќе се одлучува кое име ќе го носи овој клуб, објави Фокус.
Оваа најава на Ковачевски доаѓа како реакција на отворањето на бугарскиот клуб во Битола со спорното име „Ванчо Михајлов“.
Но, Македонците во Благоевград и досега имаа свој клуб во овој град. Клуб кој беше затворен на Велигден.
Атанас Кирјаков, активист за правата на Македонците во Бугарија за „Фокус“ објаснува дека клубот функционирал веќе неколку години во кој етничките Македонци и Македонки од Благоевград и пошироко се собирале.
Имале Македонски културен календар, одржувале состаноци, а македонски интелектуалци од Пиринска Македониjа во Клубот ги запознавале со нивните наjнови книжевни дела, македонски книги и македонски весници (како весникот „Народна волja“, весниците „Скорнување“, „Македонска пошта“, „Македонец“, „Пиринска Македониjа“ и др.).
Текстот во целост на: Фокус.