More

    РСЕ: Тага и страв за Преспанското езеро: Што ќе биде утре?

    Преспанското Езеро, едно од најстарите езера во Европа и дом на повеќе од 2.000 видови риби, птици, цицачи и растенија, брзо се повлекува. Мештаните, кои зависат од езерото за егзистенција, стравуваат од она што следува.

    Платформата што некогаш беше опкружена со водите на Преспанското Езеро денес стои на суво во близина на селото Стење, Северна Македонија, на 6 септември.

    Нивото на водата во Преспанското Езеро, кое се протега на границите на Северна Македонија, Грција и Албанија, сега е за повеќе од 8 метри пониско отколку во доцните 1970-ти. Локалните жители велат дека се плашат од она што доаѓа.

    Александар Илиевски скока од платформата на суво кај селото Стење. Само четири години претходно, во 2019 година, тој можеше да се нурне во водите на Преспанското Езеро токму на истото место.

    „Пораснав во ова село и сите дојдовме да скокнеме од оваа платформа во вода. Во 2018 година многу скокавме од неа. Игравме со топки и со се, но сега гледате дека ситуацијата не е баш добра. водата отиде“.

    Еден од најстарите слатководни екосистеми на континентот, Преспанското Езеро, ја исполнило оваа живописна долина во југоисточна Европа, според експертите, пред меѓу еден и пет милиони години.

    Екологистите тврдат дека несоодветните врнежи, испарувањето и прекумерното наводнување се главните причини за губење на вода.

    slobodnaevropa.mk
    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img