Од викенд промена на времето, доаѓа Џеновски циклон и пад на температурите

До сабота времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и натпросечно топло, а најтопло ќе биде во петок и сабота кога ќе дува ветер од јужен правец и повремено истиот ќе засилува на интензитет. Во петок и во сабота максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Повремено ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Под влијание на Џеновски циклон, од недела кај нас ќе има поголема промена на времето, повеќе врнежи, проследени со грмежи и со засилен ветер. Локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме, со силен ветер и со услови за појава на град. Температурите позначително ќе се намалат, и тоа за околу,  а понекаде и за повеќе од 10 степени.

Почести врнежи и грмежи барем според сегашните анализи се очекуваат во текот на следната седмица, но и многу пониски температури на воздухот.

Овој Џеновски циклон ќе донесе вистинска есен во целиот регион, а во Алпскиот регион ќе донесе и поинтензивни врнежи од снег, пишува во војата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.